ФЗНХ и Општина Кисела Вода потпишаа Меморандум за соработка

Од:

Активна соработка за унапредување на деловното опкружување, благосостојба и просперитет, со приоритет на спроведување на иновативно креативната платформа „Градиме здрава, зелена и безбедна иднина – Безбедна животна средина во локалната заедница – Take green action”, е целта на Меморандумот што го потпишаа денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Вјекослав Танасковиќ.

Како што истакнаа градоначалникот и деканот, заедничките активности ќе се спроведуваат преку организирање специфични проекти со цел поттикнување одржлив развој и во руралниот и во урбаниот дел на општината при што, приоритет ќе има иновативно-кариерното вклучување на студентите.

Првиот од заедничките проекти ќе се одржи во државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид лоцирано во Кисела Вода. Настанот е закажан за 15 октомври, по повод Светскиот ден на храна, а ќе биде под мотото „Ајде да садиме, здрава и органска иднина да градиме“. Со настанот ќе се одбележи и Денот на белиот стап – Меѓународниот ден на слепи и лица со оштетен вид.

Би можело да ве интересира

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за брза пруга: Возовите ќе возат со најмалку 160 км/ч

A1on

Невремето направи штети во Драчево и дел од Кисела Вода-отворени телефони за пријавување на проблем

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Покажување сила кај мене не поминува, знакот „Ја сакам Кисела Вода“ ќе биде вратен

СДСМ: 100.000 евра чинат партиските и медиумски Договори на Орце Ѓорѓиевски

СДСМ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски склучувал Договори со роднини, пријатели и медиумски поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ

1.800 евра казна за Општина Кисела Вода за исеченото дрво на „Борис Трајковски“

Катерина Ѓуровски