Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Од:

СДСМ обвинува за постоење на „градежна мафија“ поврзана со ВМРО-ДПМНЕ, за која велат дека претставува сериозна опасност по безбедноста на граѓаните, по трагичниот настан во Кисела Вода во кој загина еден работник, а неколкумина беа тешко повредени.

На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, истакна дека една недела по несреќата нема одговорност ниту конкретна институционална реакција.

„Молкот не е случаен, туку е доказ за поврзаноста меѓу власта и бизнис-интересите, каде профитот се става пред човечкиот живот“, рече Фрчкоски.

Според СДСМ, инвеститор на објектот каде се случи несреќата е фирмата „Нар инвестмент“, зад која, како што тврдат, стои Ивица Коневски, поранешен функционер и градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Фрчкоски посочи дека Коневски е близок до градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, и дека бил ангажиран како адвокат на општината. Од СДСМ прашуваат како е можно исто лице да биде правен застапник на општината и истовремено инвеститор на нејзина територија, оценувајќи дека станува збор за конфликт на интереси.

Дополнително, според нивните наводи, од буџетот на Општина Кисела Вода кон адвокатската канцеларија на Коневски во 2025 година биле исплатени над 70.000 денари.

„Ова е затворен круг на бизнис и политика, каде тендерите и бизнисите завршуваат кај блиски луѓе“, рече Фрчкоски.

Од СДСМ бараат итна, независна и темелна истрага за случајот, проверка на сите дозволи и услови за работа на градилиштето, како и утврдување на евентуална одговорност кај инволвираните лица, вклучително и улогата на градоначалникот Ѓорѓиевски и Ивица Коневски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Камениот мост блесна – гордоста на Скопје повторно во полн сјај

А1он

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски