Одбранбениот фудбалер на ПСЖ, Тиаго Силва призна дека би сакал да стане тренер. Сепак, 34-годишниот Бразилец не знае кога ќе ја заврши кариерата.
– Не знам кога ќе престанам да играм, не можам да кажам. Друга улога во ПСЖ? Би сакал да станам тренер по завршувањето на кариерата. Ова е она што најмногу би сакал во моментот, изјави Силва.
Триесет и четири годишниот Бразилец професионалната кариера ја почна во РС Фуцебол во 2002 година. Оттогаш играше и за Хувентуд, Порто Б, Динамо Москва, Флуминезе, Милан и ПСЖ.
Во националниот тим Силва е од 2008 година.