(ВИДЕО) Шест години затвор за Јанкулоска

Од:

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е осудена на шест затвор за предметот „Тенк“. Таа треба да ги надомести и судските трошоци во постапката.

„Носителите на јавни функции не смеат да ги потценуваат и омаловажуваат граѓаните”, рече судијката Добрила Кацарска при изрекувањето на пресудата.

Таа посочи дека обвинетите се договориле да глумат до локалните избори дека возилото е на МВР за да остварат политички поени.

Јанкулоска е осудена за злоупотреба на службена должност и овластување, односно дека го поттикнала помошник-министерот Ѓоко Поповски да изврши кривично дело.

На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост. Случајот „Тенк“ на СЈО е за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај веќе е соуден на две години ефективна затворска казна, а помошникот во министерството Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор на скопска Апелација.

Јанкулоска во завршните зборови побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов