Климатски експерти на ОН бараат брза акција за ограничување на затоплувањето

Од:

Светот ќе мора да преземе брза акција ако сака да го ограничи климатското затоплување на 1,5 Целзиусов степен, оценуваат експерти за климатски промени на Обединети нации и предупредуваат дека ќе има значителни ризици ако овој праг се надмине.

Меѓувладината експертска група за климатски промени, лауреат на Нобеловата награда за мир, објави извештај од 728 страници во јужнокорејскиот град Инчон, во кој детално се опишува корисното влијание врз времето на Земјата, здравјето на луѓето и екосистемите ако глобалните лидери успеат во иднина да го запрат затоплувањето предизвикано од човекот на половина степен Целзиусов, наместо целта од еден степен Целзиусов.

Научниците предвидуваат дека ако тоа се случи, од недостиг на вода ќе страдаат двојно помалку луѓе отколку сега, ќе има помалку смртни случаи и болести поради топлина, смог и разни инфекции, ќе има значително помалку топли бранови, поројни дождови и суша.

– За некои луѓе, без сомнение, тоа е прашање на живот или смрт, изјави Натали Маховолд од Универзитетот Корнел, која е еден од авторите на извештајот.

Во 2010 година, учесниците во меѓународните разговори за климата ја прифатија целта за ограничување на затоплувањето на два степена во споредба со прединдустриската ера. Ова беше наречено „Цел од два степена“.

Во 2015 година, кога беше историскиот Париски климатски договор, беше определена двојна цел – два степена Целзиусови и повисоката цел од 1,5 степен Целзиусов во споредба со пред-индустриската ера. Целта од 1,5 степен беше на инсистирање на ранливите земји, кои целта од два степена ја нарекоа „смртна пресуда“.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата