Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека физичкото казнување би можело да биде корисно при воспитувањето деца, објави американската агенција „Асошиејтед прес“.
Лукашенко нагласил дека лично е против физичко казнување на децата, но рекол дека добро тепање со каиш може бида биде корисно за детето. Тој рекол дека често го казнувал своето најстаро дете, оценувајќи дека тоа било добра лекција за неговиот помлад син.
Додал дека е потребно уште многу работа на нацрт-законот со кој се криминализира семејното насилство.
Лукашенко смета дека Белорусите би требало да ја следат традицијата, а не да имитираат бесмислени работи преземени од Западот.