(ВИДЕО) Груевски: Затворот е политички прогон, нема да поддржам уставни измени

Од:

Затворот е политички прогон, нема да ги поддржам уставните измени и да го изневерам мојот народ, изјави експремиерот Никола Груевски по соопштувањето на одлуката на Апелациониот суд со која му се потврдува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк”.

Тој вели дека ќе ги искористи правните лекови пред Врховниот суд и дека нема нови докази за пред највисокиот суд.

Груевски соопштението на Апелација го дочека во судница дури ги слушаше бомбите во „Титаник”.

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на поранешниот премиер Никола Груевски.

„Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош