За Пекинг изјавите на Мајк Пенс за политика на Кина се неосновани

Од:

Кина ги оценува како неосновани изјавите на американскиот потпретседател Мајк Пенс за кинеската внатрешна и надворешна политика, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунин.

– Ги повикуваме САД да ги поправат своите грешки, да запрат со неосновани обвинувања на адреса на Кина и да престанат да им штетат на интересите на Кина и на кинеско-американските односи, изјави портпаролката на кинеското Министерство. Според неа, Пенс „ја меша вистината со лагата“.

Во говор во Вашингтон, американскиот потпретседател вчера изјави дека Кина користи различни средства за да се меша во политиката во САД пред изборите за Конгресот следниот месец.

– Пекинг применува пристап со кој ги обединува напорите на различни владини институции, и користи политички, економски и воени алатки, како и пропаганда, за да го засили своето влијание и да извлече корист за своите интереси во САД, рече Пенс во говорот во Институтот „Хадсон” .

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ