Илија Димовски предложи огласување нови членови на антикорупциска пред изборите

Од:

Претседателот на комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски, до Собранието достави предлог-одлука за огласување именување на членови на Државната комисија за спречување корупција.

„Собранието на Република Македонија на 19 март 2018 година разреши пет од седум члена на Државната комисија за спречување на корупцијата, поради што сметам дека е потребно согласно со Законот за спречување на корупцијата да се распише оглас за именување на нови пет членови на оваа комисија. Во овој момент државата нема функционална комисија за спречување на корупцијата.

Политичката најава за можно одржување предвремени парламентарни избори наметнува потреба да се комплетира составот на Државната комисија за спречување корупција, заради нејзината надлежност и опфат на задачи поврзани со спроведувањето на изборите, а во согласност со законите.

Одржување избори без функционален состав кој ќе може да одлучува и постапува во време по распишување избори и во време на изборна кампања може да значи комплетно беззаконско дејствување на партиите и државните и јавни институции. Ќе нема институција која ќе може да се спротивстави на евентуалните злоупотреби на државните, локалните и јавните институции во полза на партиите.

Покрај можноста од одржување  предвремени парламентарни избори треба да се има и предвид и неизвесноста од донесување нов Закон за спречување на корупцијата која трае подолг период.

Државната комисија за спречување корупција е надлежна да ги применува мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршењето за власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето на работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавни овластувања, како и мерките и активностите за спречување на корупцијата во трговските друштва“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар