Увид во градежни активности на експресен пат Штип-Радовиш

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, извршија увид во работата и градежните активности на експресниот пат Штип-Радовиш.

Изградбата на овој експресен пат започна во јуни годинава, а градежните активности се одвиваат со голем интензитет, заради што веќе се забележливи и видливи првите резултати од изградбата.

„Денеска заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, директорот на ЈП за државни патишта и градоначалникот на Радовиш сме овде на оваа делница Штип-Радовиш.

На мое огромно задоволство можам да кажам дека сум изненаден од динамијата со којашто се движат работите овде. Многу средства, многу енергија се вложува во овој источен и југоисточен регион од државата што значи дека за краток период, за две години ќе имаме нов функционален експресен пат, поврзувајќи се со автопатот од Скопје до Штип.

Овој источен регион од државата ќе може побргу и поефикасно да работи и да функционираат бизнисите и економијата. Преку 240 милиони евра економија да се движи по овие нови патишта од источниот регион така што можам да кажам дека за Штип и за овој регион значи многу оваа делница.

Едниот аспект е безбедноста на овој пат, бидејќи овој пат беше многу стар со лош терен, кадешто имаше многу сообраќајни незгоди, другиот аскпект е економијата, но и во овој момент динамиката на градежните активности дава многу простор за развој на економија овде во целиот регион преку градежните зафати.

Драго ми е што Владата на Република Македонија вистински се зафати со развој на економијата преку изградба на патишта, затоа што многу важно е да се пуштаат парите во изградба на инфраструктурни објекти, важни за граѓаните, а не во некои други споредни објекти коишто не враќаар повратен бенефит.

Така што верувам дека овој пат ќе се движи со ваква брза динамика до самиот финиш и што е можно побргу граѓаните на овој регион да видат бенефит од изградбата на овој пат,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска