ВМРО-ДПМНЕ го промовира кандидатот за градоначалник на Тетово, Горан Манојловски

Од:

Раководството на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово попладнево го промовираше својот сегашен претседател Горан Манојловски како кандидат за градоначалник за Тетово на претстојните локални избори, чиј прв круг треба да се одржи на 24 март.

Своето обраќање пред присутните Манојлоски го заврши со слоганот под кој ќе ја води предизборната кампања „Со твојот глас за подобро утре, за поубаво Тетово“.

– Роден сум во Тетово, сум живеел и сум пораснал во населбата Два Бреста и познавам многу тетовци. Ги помнам и убавите и лошите моменти од животот во градот. Десет години работам како лекар и професијата ме научи како да им помагам на сите луѓе. Подготвен сум решително да се впуштам во решавањето на најгорливите проблеми во Тетово како што се водоснабдувањето, проблемите со сметот и чистиот воздух што не може да се делат по никаква основа, рече Манојловски.

Тој истакна дека ќе се заложи за враќање на иселениците и овозможување тие да инвестираат во родниот крај со што би се отвориле нови работни места и како особено значајно го истакна фактот што индустриската зона кај Тетово доби концесионер.

Манојловски најави дека во границите на можностите ќе помогне во отворањето на нови туристички објекти во скијачкиот центар Попова Шапка со привлекување на интересот и на јавниот и на приватниот сектор.

На промоцијата Манојловски како кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Тетово присуствуваа министерот за образование и наука Панче Кралев, како и пратениците од Шестата изборна единица во македонското Собрание, Светлана Карапетрова од Тетово и Дарко Димитриевски од Гостивар.

Покрај Манојловски засега познати се уште две имиња на кандидати кои ќе учествуваат во изборната трка за градоначалничката функција во општина Тетово и тоа сегашната вицепремиерка за евроинтеграции која е претставник на ДУИ, Теута Арифи, како и актуелниот градоначалник Сади Беџети кој на овие избори ќе настапи како кандидат на ДПА.

Би можело да ве интересира

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ