СЈО побара Јанкулоска да биде прогласена за виновна

Од:

Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство на крајот своето изнесување на завршните зборови за случајот „Тенк“ побараа обвинетата Јанкулоска да биде прогласена за виновна со оглед на тоа дека извршила злоупотреба на службената положба за набавка на екстралуксузниот мерцедес.

– Обвинетата Гордана Јанкулоска при набавката на возилото мерцедес ес600 гард била свесна за своето дело и сакала извршување на истото.

Таа го поттикнала Поповски незаконски да го фаворизира Макаутостар за да се набави ново блиндирани возило по желба на тогашниот премиер Никола Груевски. Бараме обвинетата да биде прогласена за виновна земајќи ги во предвид сите олеснителни и отежителни околности а со тоа да бидат платени и 313 илјади денари судски трошоци солидарно со Груевски и Поповски, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

За овој случај веќе е осуден поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци казна затвор, а поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години казна затвор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он