ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули и СДСМ се најмалку повикани да зборуваат за демократија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека токму пратениците на СДСМ заедно со Јани Макрадули беа луѓето кои без никаков срам, пред оние кои ги гласале, долго време ги погазуваа инстутуциите и вршеа секаков вид на блокади кои беа на штета на граѓаните на Република Македонија.

Јани Макрадули и СДСМ се најмалку повикани да зборуваат за демократија бидејќи тие беа луѓето кои вршеа секакви насилија во домот на демократијата, односно Собранието на Република Македонија. Ги потсетуваме дека пратениците на СДСМ беа оние кои се расфрлаа со микрофони, откорнуваа камери, ја кршеа опремата која е платена од граѓаните и останати инциденти кои ги предизвикаа, а на кои заложник беше Собранието и сите граѓани, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Макрадули.

ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, излезе со иницијативи, но Бранко Црвенковски ултимативно ги одби сите предлози и се реши да продолжи со внесување на хаос и насилство во Република Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ повторно апелираат конечно да завладее разумот во СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина