Турскиот суд ја потврди пресудата за доживотен затвор на истакнатиот новинар Ахмет Алтан и пет новинари, кои во февруари беа осудени за помагање на лица кои планирале воен удар во 2016 година.
Ахмет Алтан, заедно со неговиот брат Мехмет Алтан и четири новинари, претходно беа осудени на доживотен затвор бидејќи биле дел од групата на Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за неуспешниот воен удар во 2016 година.
Новинарот Алтан беше ослободен од затвор во јуни, но неговата пресуда беше потврдена денес, откако судскиот совет го отфрли барањето на Уставниот суд за негово ослободување.
Сите шестмина ќе бидат во доживотна робија, што значи дека нема да имаат право на условно ослободување и не можат да бидат амнестирани.
Мехмет Алтан е професор по економија и политички аналитичар.