Системот за рано предупредување на цунами што можеше да спречи смрт на 832 лица кои според најновиот извештај на властите загинаа во цунами, со години не е во функција бидејќи е во фаза на тестирање.
Системот со сензори на морското дно и оптички кабли, е во пробна фаза околу пет години, а требаше да го замени системот поставен претходно откако во 2004 година во цунами и земјотрес загинаа во тој регион окоу 250.00 луѓе.
Поради недостиг од 100.000 долари колку се потребни за завршување на тој проект, новиот систем никогаш не излегол од фаза на прототип.
И да проработи сега е веќе доцна за средишниот дел од островот Сулавези каде бранови високи шест метри и земјотрес од 7,5 по Рихтер усмртија најмалку 832 лица во градовите Пало и Донгала, коментираат локални медиуми.