Илон Маск поднесува оставка во Тесла и плаќа казна од 20 милиони долари

Од:

Основачот на компанијата Тесла, Илон Маск, постигна договор со Агенцијата за надзор на пазарот на хартии од вредност на САД (SEC), која го обвинува за измама, со кој тој ќе ја напушти функцијата претседател на Управниот одбор, но ќе остане генерален менаџер.

Според договорот, Маск и Тесла мора да платат надомест од по 20 милиони долари.

Како извршен директор, Maск ќе продолжи да биде одговорен за операциите за производство на автомобили кои минуваат низ деликатната фаза во момент кога се обидува да создаде модел на електрично возило од средна класа и негово масовно производство.

Тесла ќе мора да именува двајца независни директори во УО, а еден од нив ќе преземе претседавање. СЕЦ со тоа планира УО подобро да го надгледува Маск.

Маск сепак, не ќе може да биде на чело на УО во следните три години.

Во четвртокот, СЕЦ официјално го обвини Маск дека со Твит за повлекување на Тесла од берзата инвеститорите ги довел во заблуда. Компанијата потоа загуби околу 14 отсто од вредноста.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Мажот кој загина во запалената „Тесла“ има прострелна рана во главата

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on