Вардар со трета победа во Лигата на шампионите

Од:

Ракометарите на Вардар остварија победа со 25:27 (11:13) против унгарски Веспрем во третото коло од Лигата на шампионите.

Вардар одигра добро прво полувреме, имаше и предност од пет гола, а на полувреме замина со два гола разлика, откако доживеа мал пад во играта.

Во второто полувреме домаќините заиграа подобро и го презедоа водството на десетина минути пред крајот (22:20). Сепак следеше серија од 3:0 за нашиот тим (22:23), а на две минути до крајот, Мораеш ја зголеми предноста на +2 (24:26) која „црвено-црните“ ја одржаа до крајот.

Борозан и Дибиров беа најефикасни кај Вардар со по пет гола, а Милосављев се истакна со 11 интервенции. Кај Вепсрем се истакна Гајиќ со четири гола.

По победата екипата на Парондо останува на првото место на табелата со три победи од три натпревари, откако во претходните кола ги совлада Монпелје и Кристијанштад.

Во следното коло Вардар на домашен терен ќе се сретне со германски Рајн Некар Левен.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски