Најмалку 14 лица се повредени и петмина се уапсени откако каталонски сепаратиски денеска се судрија со полицијата во центарот на Барселона.
Три лица се хоспитализирани, а на останатите 11 повредени им била укажана помош на лице место.
Каталонските сепаратиски денеска неколку пати се судрија со полицијата, откако прво фрлија боја во прав врз полициските кордони, а потоа ги нападнаа. Сепаратистите протестираа против марш на поддржувачи на шпанската национална полиција.
Судирите се случуваат два дена пред годишнината од референдумот за независност на Каталонија.