Утре и задутре променливо облачно со локални врнежи од дожд

Од:

Подрачјето на Македонија се наоѓа на периферија од циклонска активност над Медитеранот, која во наредните два дена ќе услови променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во јужните и источните делови. Од вторник времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло.

Како што соопшти УХМР, во текот на денот ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во југозападните делови попладне повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени. УВ=5

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во јужните и источните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 4.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од три степени во Маврово до 14 во Гевгелија, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје слично време. Минималната температура ќе биде седум степени, а дневната 22 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски