МНР го осуди прекршувањето на правото на гласање во Австралија

Од:

Министерството за надворешни работи преку соопштение го осудува денешниот инцидент во Австралија каде дел од гласачите беа снимани и фотографирани, а потоа објавени на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Како институција директно поврзана со процесот на гласање на дијаспората во македонските ДКПа, МНР најостро го осудува објавувањето на снимки на социјални медиуми како и навредите кон македонски граѓани во Австралија, кои решиле да излезат и да гласаат на референдумот“, се наведува во реакцијата на МНР.

Од министерството додаваат и дека ова претставува директно прекршување на основното демократско право на гласање. Локалните власти во Австралија се веќе известени за настанот велат од МНР и додаваат дека во најкус можен рок ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на чинителите.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски