ВИДЕО: Погледнете го моментот кога цунамито удира во крајбрежјето, по силниот земјотрес

Од:

Силниот земјотрес кој го погоди островот Сулавеси сепак предизвика цунами, иако Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика претходно го повлече предупредувањето за цунами, соопшти нивниот портпарол.

Цунамито во висина од два метри ги погоди двата градови на индонезискиот остров Сулавеси, Палу и Донгал, по разорниот земјотрес.

Американскиот геолошки топографски институт објави дека новиот земјотрес, втор по ред денеска, бил со јачина 7,5 степени, откако претходно соопшти дека станува збор за земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на околу 56 километри североисточно од градот Донгал.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници