Комисијата за заразни болести, во рамки на Министерството за здравство денеска одржа редовна работна средба, на која присуствуваат и претставници од Агенција за храна и ветеринарство, на која беше разгледана состојбата со „мајмунски сипаници“ во Велика Британија.
Од Комисијата посочуваат дека во моментов нема опасност од појава на вирусот „мајмунски сипаници“ во Македонија и дека во континуитет се следи состојбата со заразни болести во државата, како и актуелните случувања со мајмунска сипаница во регионот и држави од Западна Европа.
По дискусијата, во однос на видот на заболувањето, проценка на ризикот и бројот на случаи во Европскиот регион, Комисијата ги донесе следните мерки и заклучоци, со цел информирање на здравствените работници и населението:
-Се задолжува Институтот за јавно здравје да подготви едукативно-информативен материјал – флаери за „мајмунски сипаници“ со информации за болеста, начинот на пренесување, мерките за превенција и постапување, со цел информирање на населението и здравствените работници. Едукативно–информативниот материјал ќе биде поставен на веб страната на ИЈЗ, МЗ и Центрите за јавно здравје, а ќе биде доставен и до Здружението на матични лекари. Флаерите ќе бидат дистрибуирани и до патниците, кои доаѓаат од земјите во кои е регистрирана болеста. Исто така, Институтот за јавно здравје да оствари контакт со референтни лаборатории во Европските земји со цел да се оствари соработка за можна конфирмација на случаите.
– Агенција за храна и ветеринарство во рамките на своите надлежности се здолжува да ги засили мерките за контрола на внес на приемчиви видови на животни од ризичните земји .
– Зајакнување на соработката меѓу ИЈЗ и АХВ, преку навремена размена на информации меѓу иституциите и следење на епидемиолошката состојба со мајмунските сипаници.