Легендарниот капитен на Рома и поранешен италијански фудбалски репрезентативец, Франческо Тоти синоќа ја претстави автобиографијата.
На 42-от роденден на Тоти пред 300 избрани гости во „Колосеумот“ во Рим, Венсан Кандела, Марчело Липи и Клаудио Раниери прочитаа пасуси од книгата, што ја илустрира поранешната 25-годишна професионална кариера на поранешниот фудбалер.
„Ун Капитано“ е напишана со коавторство на новинарот Паоло Кондо.
-Никогаш не сум прочитал ниту една книга, ова е прва, се пошегува Тоти.
Дел од средствата од продажбата на книгата ќе бидат донирани во Детската болница во Рим.