Средба Иванов-Гутереш: Македонскиот народ сам да ја донесе одлуката на референдумот

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации, во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш.

На средбата, како што информираат од кабинетот на Иванов, било разговарано за активностите на Република Македонија во рамките на Обединетите Нации.

Претседателот Иванов ја реафирмирал силната посветеност на Република Македонија за зајакнување на улогата на Обединетите Нации во справувањето со глобалните предизвици.

Глобалните предизвици бараат глобален, координиран и унифициран одговор, за што ни требаат силна и ефективна Организација на Обединетите Нации, потенцираше претседателот Иванов на средбата, се вели во соопштението.

На средбата биле разменети мислења за актуелната внатреполитичка состојба на Република Македонија. Во однос на Договорот од Преспа, претседателот Иванов го повторил својот став дека ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, во однос на претстојниот референдум рече дека македонскиот народ треба сам да ја донесе одлуката и дека таа одлука ќе ја почитуваат.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Гутереш: Смртта на заложниците не потсетува на важноста да се стави крај на кошмарот во Газа

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Гутереш ги повика Израел и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот во Газа

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот