УЕФА потврди: Без навивачи на Црвена Звезда на гостувањата во ЛШ

Од:

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја одби жалбата и ја потврди својата одлука да не и дозволи на белградска Црвена Звезда организирано да носи навивачи на гостувањата на тимот, во мечевите од групната фаза на Лигата на шампионите.

Поради влезот на навивачите на српскиот тим на теренот во Салцбург, УЕФА не му дозволува на клубот организирано да носи „црвено-бели“ навивачи на натпревари во ЛШ во Париз и Ливерпул или на каков било начин да им продава карти.

Исто така, српскиот шампион ќе мора да пренесе 30.000 франци во касата на УЕФА за упадот на навивачите на теренот во австрискиот град и поради фрлањето факели, пренесоа локалните медиуми.

Според правилата, Црвена Звезда за натпреварите во Париз и Ливерпул може да пријави делегација од 75 членови, која вклучува играчи и стручни кадри.

Би можело да ве интересира

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Пораз на фудбалерите на Звезда против Бенфика на стартот од Лигата на шампионите

Директорот и тренерот на Црвена звезда се повредени во ложата

Звезда ја започнува Лигата на шампионите против Бенфика

(ВИДЕО) Хаос во Белград: Жестока тепачка на Гробари и Делии пред големото фудбалско дерби

Катерина Ѓуровски

УЕФА: Италијанскиот судија Даниеле Орсато ќе го суди натпреварот помеѓу Црвена звезда и Лајпциг

Горан Наумовски