Сопственици на Ајфон Икс-ес и Ајфон Икс-ем Макс се жалат на лош Wi-Fi сигнал

Од:

Корисници кои ги купиле новите Ајфон Икс-ес и Ајфон Икс-ем Макс модели во првите денови од нивното лансирање се жалат на чудно однесување на уредите со Wi-Fi мрежите. Според различни сопственици на новите телефони, тие страдаат од послаб сигнал и побавна брзина од минатогодишните Ајфон телефони.

Слични поплаки се појавуваат во текот на последните денови масовно во форумите на Епл, како и во Редит. Проблемот е прилично сериозен, особено имајќи предвид дека двата модела Ајфон Икс-ес требаше да им обезбедат на своите сопственици значително повисоки брзини за сурфање.

Во моментов не се јасни причините за проблемите на новите смартфони на компанијата од Купертино, а претпоставките движат од презафатени мрежи и стигнуваат до ново издание на прочуениот проблем со антената, кој се појави при премиерата на Ајфон 4.

Барем до моментов нема официјална реакција од страна на Епл и не е јасно кога и како ќе се реши случајот.

Би можело да ве интересира

На скопскиот Аеродром запленети Ајфони вредни 1,8 милиони денари

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

„Епл“ претстави нов „Ајфон 13“ и подобрен „Ајпад“

Ана Ололовска

Новиот „Ајфон 13“, веројатно, ќе овозможи сателитски разговори

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска