Трамп вети мировен план за Блискиот Исток за следните „два, три или четири месеци”

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска претстави мировен план за Блискиот исток за следните „два,три или четири месеци“.

Во изјавата на маргините на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Трамп објави решение за израелско-палестинскиот конфликт врз основа на заедничко постоење на две држави.

Палестинците „ќе се вратат на преговарачката маса”, рече тој.

Потоа, Трамп се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Европејците ќе „се однесуваат добро” по прашањето на Иран. „Само гледајте”, рече тој на почетокот на разговорите со Нетанјаху.

Американскиот претседател го изјави ова, иако ЕУ објави механизам за решавање на договори со Иран за да ги избегне американските санкции.

Претходно денеска, Трамп нагласи дека наскоро ќе го соопшти датумот и местото на неговиот следен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун.

-Во блиска иднина ќе се сретнам со претседателот Ким, им изјави Трамп на новинарите.

Запрашан што треба да направи Северна Кореја пред неговиот следен состанок со нејзиниот лидер, американскиот претседател одговори дека е „постигнат огромен напредок” од минатата година.

-Тие ја денуклеуризираат Северна Кореја и имаме прекрасни врски меѓу нашите две земји, рече Трамп.

Американскиот претседател рече дека „сите опции се на маса” за Венецуела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Камала Харис: Трамп е фашист

ВИДЕО: Трамп сексуално ја злоставувал, се запознале кај Епштајн тврди поранешна манеканка

Катерина Ѓуровски

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бајден: Трамп треба да биде „заклучен“

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

Нова анкета: Тесна трка меѓу Харис и Трамп на две недели пред изборите

Катерина Ѓуровски