ВИДЕО: Кина никогаш нема да прифати вакво насилничко однесување, реакција на царините од 104 отсто

Од:

Почнаа да пристигнуваат првите официјални реакции од Кина за американските царини од 104 отсто воведени за кинески стоки.

„САД продолжуваат да ги злоупотребуваат царините за да извршат притисок врз Кина. Кина цврсто се спротивставува на тоа и никогаш нема да го прифати овој облик на насилничко однесување“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.

Тој додаде дека ако САД навистина сакаат да ги решат проблемите преку дијалог и преговори, треба да усвојат „став на еднаквост, почитување и взаемна корист“.

„Кина ќе продолжи да презема решителни и ефективни мерки за заштита на своите права и интереси“, рече Лин.

Би можело да ве интересира

„Дејли експрес“: Медведев му порача на Трамп да нареди ликвидација на Зеленски

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

ВИДЕО: Трамп откри план за Русија и Украина по завршувањето на војната

(ВИДЕО) Обама: Белата куќа изгледа како Садам Хусеин да отворил Cheesecake Factory

Катерина Ѓуровски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп