Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски повеќе од 2,5 часа во зградата на Јавното обвинителство, даде исказ како сведок за предистражната постапка за злоупотребите со АКМИС-от во кривичниот суд во Скопје и во Врховниот суд.
На прашање за што бил повикан, рече дека бил повикан како сведок. Му поставувале прашања обвинителите. Рече дека влегол во Обвинителството од таму од каде што се влегува, бидејќи камерите претходно не го регистрираа дека влегува од главниот влез. Извори од ОЈО велат дека тие не му овозможиле да влезе од службениот влез.
Вангеловски е повикан како сведок во предистражната постапка која ОЈО Скопје ја отвори за злоупотреби на системот за електронска распределба на судски предмети. Извештајот го изготви Министерството за правда утврди бројни нерегуларности во АКМИС системот во најголем дел во кривичниот, Апелацискиот и Врховниот суд.
СЈО го посочи Вангеловски како еден од четворицата судии кој го има во бомбите и кој издавал информации во јавноста за одредени предмети.
Исказ во обвинителството даде и поранешниот прв човек на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој е осомничен за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата.
Васко Маглешов