ВМРО-ДПМНЕ со Марјан Ристески по трет градоначалнички мандат во Прилеп

Од:

Во спортската сала „Сонце“ синоќа на конвенција беше претставен кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ристески.

Актуелниот и кандидат за иден градоначалник го претставија претседателот на ОК на партијата Никола Димески и министерот за транспорт и врски и член на ИК на партијата, Миле Јанакиески.

– Ристески заслужува нова шанса зашто досега реализирал над 700 проекти. За четири години се изградени 250 километри локални патишта, обновени два регионални, со поддршка на владата решен е проблемот со водоснабдувањето со 10 нови бунари и обновена е 130 километри водоводна мрежа, истакна Јанакиески.

Кандидатот за градоначалник потсети на се што сработил во изминатите четири години. – Многу е направено за осум години, Прилеп е град на брендови, град музеј со забрзан развој. Од град со армија невработени , руинирани училишта и непрепознатлива инфраструктура до 2005, Прилеп се претвори во современ и модерен урбан центар, со 95 проценти асфалтирани улици, зајакнати јавни комунални претпријатија, нови плоштади, реконструирани училишта, парковски површини, подготвени урбанистички плановисо канализациона мрежа, истакна Ристески и додаде дека многу проекти ќе треба да се направат.

Промовирајќи ја изборната програма, најави дека сега главно ќе се води сметка за економскиот развој.

– Акцентот ќе биде на економскиот развој. Техничко развојната индустриска зона, индустриската зона „Прилеп 1“ со продадени 21 локација и 100 хектари за уште две зони, треба да го вбројат Прилеп во економски лидер во регионот, рече Ристески. Ќе се реализира еден од најголемите проекти вреден 20 милиони евра, од европските фондови – Пречистителна станица за отпадните води. Таа е еден од најголемите проекти од таков вид во македонија. Во наредните четири години градот ќе добие две нови училишта и две градинки, ќе се реконструираат влезовите во градот какоо авении, ќе се обнови градскиот стадион Гоце Делчев, најави Ристески.

Тој вети дека Прилеп ќе добие и планетариум и 3Д кино. Барајќи ја поддршката од своите сограѓани по трет пат, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека Прилеп има одлична перспектива и нагласи дека за таа цел нуди конкретни решенија и проекти.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар