Утре и задутре ниски утрински температури, наместа и под нулата

Од:

Температура под нулата за утре наутро најавуваат метеоролозите на повисоките места и по одделни котлини.

Според прогнозата утре температурата под нулата ќе се спушти во Берово на минус четири, Маврово минус три, Крива Паланка минус два и Битола минус еден. Во другите делови ќе бидат над нула, а максималната утринска ќе достигне шест степени во Гевгелија.

Во петок утринската ќе се движи од минус три до седум степени, додека од сабота се очекува облачноста да се зголеми и утринските температури насекаде ќе бидат позитивни. Можни се и повремени локални врнежи од дожд.

До петок времето ќе биде стабилно. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневната температура. И утре ќе дува умерен, а локално засилен североисточен ветер.

Дневната температура ќе се движи меѓу 17 и 26 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски