ВМРО-ДПМНЕ го промовира кандидатот за градоначалник на општина Новаци, Лазар Котевски

Од:

ВМРО ДПМНЕ и коалициските партии синоќа во Новаци го промовираа Лазар Котевски кандидат за градоначалник на таа општина, од кого очекуваат трет мандат и победа во првиот круг на локалните избори.

На промотивниот настан, пред граѓаните на Новаци, симпатизерите и членовите на ВМРО ДПМНЕ, градоначалникот Котевски истакна дека амбициите на општината се да биде препознатлива во државата и странство за што се најавени нови збратимувања со општини од Словенија, Хрватска, Србија, Турција и од Унгарија.

– Нашата визија е да бидеме во чекор со европскиот модел на водење на локалните заедници, да ги следиме новите модерни технолошки достигнувања, континуирана соработка со граѓаните и јакнење на капацитетот на младата и стручна администрација за да биде поефикасна во извршувањето на задачите. Новите развојни проекти ќе резултираат со позитивни ефекти и нови вработувања и перспектива за младите како наш приоритет, посочи Котевски.

ВМРО-ДПМНЕ ги избра најдобрите идеи на граѓаните и како градоначалник нема да ветувам туку ќе исполнувам затоа што народот сака одговорни политичари, потенцира Лазар Котевски и најави победа во првиот круг од мартовските локални избори.

-Со континуираната поддршка на Владата на Република Македонија и меѓународна финансиска помош во наредниот период ќе извршиме асфалтирање на патот до селата Мегленци, Арматуш и до Зович, како и патот Рибарци-Гнеотино. Ќе овозможиме користење на ХС „Стрежево“ за наводнување на Новачко поле, изградба на брана на реката Елешка, како и инсталирање на парно греење во општина Новаци за што во тек е проектот „Телетерм“, истакна Котевски.

Во третиот мандат актуелниот градоначалник на општина Новаци најавува дека ќе продолжи со реализација на комуналните и инфраструктурни проекти, изградба на мини акумулации во селата Брод, Арматуш, Грумази, Долно Орехово, Мегленци, Маково, Рапеш, Тепавци и Старавина, како и реконструкција на амбулантите во таа локална самоуправа.

-Со посебно внимание пристапуваме во реализација на проектот реконструкција на „Куќата на Калеш Анѓа“, мостот и воденицата во село Зович како и црквата „Св.Димитрија“ во село Градешница. Ќе соработувам со секој чесен, стручен, способен и добронамерен жител на општината затоа што моите животни принципи на чесност, транспарентност и грижа за жителите на општина Новаци се принципите на досегашен и иден градоначалник на општина Новаци, истакна кандидатот Лазар Котевски на синоќешната промоција што ја организираше владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“