Нетанјаху: Израел ќе продолжи со воени операции во Сирија

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел ќе ги продолжи воените операции во Сирија.

– Ние ќе продолжиме да дејствуваме со цел да спречиме воено утврдување на иранската војска во Сирија и ќе ја продолжиме воената координација меѓу израелските одбранбени сили и руската војска, истакна Нетанјаху.

Во следните две седмици Русија ќе и предаде на Сирија современ противвоздушен систем С-300, соопшти рускиот министер з аодбрана Сергеј Шојгу.

Во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, Нетанјаху изразил мислење дека Москва снабдува „неодговорен играч“ со напреден оружен систем, со што ја зголемува опасноста во регионот.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави