Во завршна фаза е изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Кочани

Од:

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Кочани се реализира според планираната динамика и сите оперативни објекти се во завршна фаза.

Градилиштето кај кочанското село Мојанци, каде што е лоциран комплексот за пречистување, денеска го посети амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада при што на работна средба со тимот швајцарски и локални експерти и претставници на градежните компании беа претставени тековните активности.

– За само половина година од мојата последна посета гледам огромен прогрес на градежните работи на пречистителната станица во Кочани. Сосема оправдани се нашите очекувања дека изградбата ќе биде завршена до крајот на оваа година, а поставувањето на опремата и пуштањето во употреба да биде идното лето, истакна амбасадорката Тејада.

Паралелно со изградбата на пречистителната станица, во завршна фаза е и примарниот фекален колектор со должина од 12 километри што ќе ја поврзува постојната канализациска мрежа во Кочани и приградската населба Оризари, како и во селата Горни Подлог и Мојанци.

Со реализацијата на проектот дополнителен бенефит ќе има и за комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани, кое ќе стопанисува со станицата за пречистување на отпадни води.

– Ние го помагаме јакнењето на капацитетите на јавното претпријатие за подобро менаџирање. Главна цел ни е да го зголемиме знаењето на вработените и да ги подобриме работните практики, за да можат во иднина граѓаните на овој регион да добиваат поквалитетни комунални услуги, потенцираше Франсоа Саломе, претставничка на Швајцарскиот секретаријат за економски прашања.

Со Пречистителната станица ќе бидат третирани отпадните води од градот Кочани и од околните рамничарски села, со капацитет од 58 илјади еквивалент жители.

Проектот е со вкупна вредност од 23 милиони швајцарски франци, од кои наjголемиот дел е на Швајцарската агенција за развој и соработка – СЕКО, а два милиони евра се од буџетот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена