Пациентите во Центарот за дијализа во Железара повеќе од 2 часа чекаат да им се изврши прочистување на крвта бидејќи во установата моментално нема струја, а не работи ниту агрегаторот кој го поседуваат.
-Дијализата започна во 7 и 30, струја снема во 8 часот. Болницата има агрегатор, но не работи. Вработените ни кажаа дека имало некаков дефект со далеководот во Автокоманда и дека тоа е причината поради која нема струја. Не знаеме до кога ќе трае ова и до колку ќе седиме тука, вели еден од пациентите.
Ова не е прв пат пациентите да се жалат на услугите од Центарот за дијализа во Железара. Жалби досега имаше и за условите во болницата односно дека нема соодветна апаратура за дијализа па во одредени ситуации се импровизира, а исто така пациентите беа изреволтирани и од несоодветниот транспорт кој го нуди болницата за превоз на болните.
Виктор Јованов