Божиновски барал инспекции за Тодоровиќ од „Тинекс“ бидејќи не донирал за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во една од бомбите од 12 февруари 2013 година, соговорничка му вели на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, дека добила 2500 страници со милион броеви од „Телеком“ и не можела да се снајде.

Јанакиески ѝ вели дека му треба само статистички податок и дека е важно само да се знае од кој број колку пати е ѕвонето.

Кирил Божиновски и Миле Јанакиески на 14 февруари 2013 година разговараат дека во општина Центар има проблеми со финансирањето за кампањата и дека Владимир Тодоровиќ, сопственикот на „Тинекс“, не дал пари за изборната кампања.

Божиновски му вели „Владо ништо не дал… Пушти му инспекции. Стварно нема смисла ова“.

До паузата денеска беа пуштени 83 бомби. Судењето продолжува попладнево со преслушување на останатите бомби во предметот „Титаник“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела