Ахмети: Да излеземе и да гласаме на 30 септември „за“ европска Македонија

Од:

На 30 септември се гласа за големи прашања. Овој договор не е толку вообичаен, туку е материја што произведува стабилност, безбедност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, економски развој, квалитетно образование и здравство, но и квалитет во насока на државното управување. Ќе се зајакне владеењето на правото и правната држава. Ова вечерва од општина Липково го соопшти претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Овој договор, како што рече, е стандард што никако не може да се прескокне затоа што не може да се биде дел од обединета Европа.

– Тогаш да излеземе и да гласаме на 30 септември „за“ европска Македонија, рече Ахмети, додавајќи дека 30 септември ќе донесе перспектива за нашата земја и затоа треба да се гласа „за“ европска Македонија.

На средбата со жителите на општина Липково присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за образование и наука Арбер Адеми, градоначалникот на општина Липково Екран Арифи и поранешниот градоначалник на општина Чаир Изет Меџити.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата