ВИДЕО: По бурата „Али“, нова, посилна бура пустоши низ Велика Британија

Од:

По бурата „Али“, Велика Британија ја погоди и нова бура наречена „Бронаг“. Силни ветрови и голема количина на дожд кои бурата ги донесе синоќа направија вистински хаос на островот.

„Бронаг“ предизвика и прекини во снабдувањето со електрична енергија, поради што 15 илјади домаќинстава останаа без струја повеќе од 24 часа. Сообраќајот се движи успорено, а на места е и во прекин поради силните струења на водата, кои носат и автомобили.

Властите стравуваат дека бурата може да предизвика повеќе штета од „Али“. Според најавите на меторолозите, денеска треба да биде мирен ден, но утре повторно се очекуваат силни ветрови и обилни врнежи.

Новите налети на бурата ќе донесат и до 50 мм дожд. Во првиот налет, најмногу заврна во Шефилд, каде што за 24 часа падна дожд колку за половина месец.

Бурата „Али“ претходно одзеде два живота. Една жена почина откако нејзиниот автомобил беше оддуван од карпа во Ирска, додека во Северна Ирска почина маж врз кого падна дрво.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија