Халеп: Без Грен слем трофеј не сте шампион

Од:

Во моментов најдобрата светска тенисерка Симона Халеп изјави дека по освојувањето на „Ролан Гарос“ се чувствува порелаксирано.

– По победата на „Ролан Гарос“, тензијата се спушти. Сега само уживам во играта и се обидувам да останам на високо ниво и да победам на секој натпревар. Долги години мојата цел беше првото место на рејтинг листата, но потоа имав нова мотивација – да победам на Гренд слем турнирот. Ако не сте освоиле барем еден гренд слем турнир, не сте навистина број еден, изјави Халеп.

26-годишната Романка оваа сезона освои три титули на ВТА трунирите, вклучувајќи го и првиот кога победи на Отворено првенство на Франција.

Би можело да ве интересира

Халеп е суспендирана на четири години поради допинг

Горан Наумовски

Халеп доби забрана за настап на УС Опен поради допинг скандал

Симона Халеп: Минатата година ми беше најтешка во кариерата

А1он

ВИДЕО: Светски познатата тенисерка се омажи за милијардер со потекло од Македонија

А1он

Симона Халеп нема да игра на Ролан Гарос

Жарко Настоски

Халеп се откажа од турнирот во Доха