Претседателот на Јувентус по црвениот картон на Роналдо: Еден за сите, сите за еден

Од:

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели ја демонстрираше својата поддршка кон Кристијано Роналдо по црвениот картон на Португалецот во дуелот со Валенсија во Лигата на шампионите.

„Еден за сите, сите за еден“, напиша шефот на „бјанконерите“ на Твитер.

Протерувањето на петкратниот победник на „Златната топка“ предизвика бура од емоции низ фудбалскиот свет. Роналдо доби директен црвен картон поради удар без топка против дефанзивецот на Валенсија, Муриљо во 29-та минута од деби натпреварот во Лигата на шампионите со тимот на Јуве.

Кристијано се очекува да биде казнет со еден меч и да го пропушти дуелот со Јанг Бојс. Сепак, официјалната одлука на УЕФА ќе стане јасна на 27 септември.

Се уште постои можност Португалецот да добие казна за повеќе од еден натпревар, што ќе го лиши од можноста да се врати на „Олд Трафорд“ за натпреварот со неговиот поранешен тим на Манчестер Јунајтед.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација