Тевдовски ги повика кумановци да гласаат „за“ на референдумот

Од:

Важно е да имаме успешен референдум што ќе ни овозможи да ја подобриме економијата, рече вечерва пред жителите на кумановската населба Карпош, министерот за финансии Драган Тевдвоски.

Со успешниот референдум, посочи, Македонија се приближува до НАТО, најмоќниот воен сојуз што нуди безбедност, а тоа е значајно за инвеститорите. Инвестициите растеле и во други држави откако биле примени во НАТО, капиталот отвора нови работни места, а зголемената конкуренција раст на платите.

– Најважно за да се вложат пари во некоја земја, е дали тие се безбедни, а гарант за таквата безбедност е членството во НАТО, истакна Тевдовски.

Според него, како што ќе се доближуваме до ЕУ, ќе ни се отвораат повеќе можности за повлекување грантови. Тие средства ќе се инвестираат во инфраструктурата.

– Економските бенефити од членството во НАТО и ЕУ се многукратни. Оваа е шанса што мора да искористиме, рече министерот и ги повика граѓаните на 30 септември да гласаат „за“ економија, подобри работни места, повисоки плати, а со тоа и за иднината на Македонија.

И градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски нагласи дека референдумот на 30 септември е историски момент за државата. Осврнувајќи се на потенцијалните придобвики, потсети дека со средства од ЕУ е изградена канализациската мрежа за 57 улици.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат