Сами Кедира ќе паузира три недели

Од:

Италијанскиот шампион Јувентус во следните три недели нема да може да се потпира на Сами Кедера, соопшти клубот од Торино. Играчот од средниот ред ја повредил левата нога по вчерашниот меч со Валенсија, кој заврши со победа од 0-2 за Италијанците.

Кедира беше принуден да го напушти теренот во 23-тата минута откако почувствува болка. Во 89 минута, Даглас Коста, исто така, го напушти теренот поради повреда, а колку ќе отсуствува ќе биде познато утре.

– Сами Кедера беше на медицински испитувања, кои откриле дека има повреда во левата бутина. Даглас Коста, исто така предвреме го напушти натпреварот, но неговата состојба ќе се утврди утре, се наведува во соопштението на „бјанконерите“

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка