Иванов во работна посета на САД

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Иванов на 27 септември ќе има обраќање на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации на тема: „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Предвидено е претседателот Иванов да присуствува на настанот на високо ниво – Глобален повик за акција за светскиот проблем со дрогата, со кој ќе претседаваат претседателот на САД, Доналд Трамп, и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Македонскиот претседател ќе присуствува и на Мировниот самит „Нелсон Мандела 2018“, пленарен состанок на високо ниво посветен на глобалниот мир, а по повод 100-годишнината од раѓањето на поранешниот јужноафрикански лидер.

Претседателот Иванов во Њу Џерси ќе оствари средба со претставници на македонската заедница.

Во рамки на работната посета на САД, на претседателот Иванов во Детроит ќе му биде врачена наградата „Глобален државник“, највисоко признание што го доделува Обединетата македонска дијаспора. Во Детроит претседателот Иванов ќе одржи предавање на Државниот универзитет Вејн, во чии рамки е Школата за бизнис „Мајк Илич“ и ќе оствари средба со македонската црковна заедница во Детроит.

Иванов за време на работната посета на САД ќе биде придружуван од сопругата, Маја Иванова. Таа ќе присуствува на настанот со првите дами учеснички на Генералното собрание на Обединетите нации во организација на првата дама на САД, Меланија Трамп, како и на настан на високо ниво што го приредува првата дама на Република Турција, г-ѓа Емине Ердоган. Во Детроит, Иванова ќе ја посети Детската болница на Мичиген.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски