Борисов: Бугарската Влада не расправаше за евентуалните санкции на ЕУ кон Унгарија

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вечерва ги демантираше тврдењата на неговиот заменик Красимир Каракачанов дека Бугарија решила да ја поддржи Унгарија во процесот што Европската Унија сака да го покрене против Будимпешта.

– На денешната седница на Министерскиот совет немаше точка посветена на темата за санкциите кон Унгарија, изјави Борисов во Салцбург, каде учествува на Самитот на ЕУ.

Тој нагласи дека за оваа тема било разговарано само на „оперативното заседание на Владата, на кое резултаите од прашањата што се разгледуваат немаат правна важност“.

Борисов истакна дека вицепремиерите Валери Симеонов и Красимир Каракачанов иницирале да се донесе одлука Бугарија да се изјасни против казнување на Унгарија „ако еден ден, по две години“, ЕУ предложи таква мерка.

– Нема драма, Ништо не е одлучено, истакна Борисов.

Претходно денеска Каракачанов изјави дека Бугарија ќе ја поддржи Унгарија во постапката за казнување што Европската унија планира да го покрене против земјата.

– Државите од Источна Европа треба да се поддржуваат една со друга кога се работи за нашите односи со Брисел. Денеска Унгарија, утре Полска, задутре и Бугарија може да се најде на обвинителната клупа, изјави Каракачанов по денешната седница на бугарската Влада.

Европскиот парламент неодамна гласаше за покренување на постапка за казнување на Унгарија, со потенцијално одземање на нејзиното право на глас во ЕУ, поради нарушување на владеењето на правото, контрола врз медиумите, корупција и прекршување на европските стандарди и вредности.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски