Адеми: Членството во ЕУ обезбедува повеќе европски пари за локален развој на општините

Од:

Министерoт во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми заедно со пратеникот во Европскиот Парламент, Кнут Флекенштајн денеска ги посети општините Арачиново и Шуто Оризари.

При посетата, Адеми и Флекентшајн се сретнаа со претставници на локалните самоуправи, разговараа со граѓани и извршија обиколка на објекти кои што се градат со поддршка од фондовите од ЕУ.

Министерот Адеми посочи дека поддршката од ЕУ е особено значајна за руралните и мали општини, но и дека средствата што ЕУ ги двои за Македонија, ќе се зголемуваат со нашето приближување до полноправното членство.

– Поддршката од ЕУ за Македонија изнесува 90 милиони евра годишно, односно секој ден се издвојуваат по 260 илјади евра за поддршка во инфраструктурата, образованието и локалната самоуправа. Со започнување на преговорите, а потоа и со влезот во ЕУ поддршката дополнително ќе се зголемува тоа ќе значи и повеќе пари за инфраструктура, нови патишта, водоводи, канализации, училишта и градинки. Тоа се повеќе европски пари за локален развој на сите општини, а со тоа и подобар и поквалитетен живот на сите граѓани, порача Адеми.

При посетата на Арачиново и Шуто Оризари, пратеникот во Европскиот Парламент, Флекентшајн порача дека Македонија има силна поддршка за влез во ЕУ и дека граѓаните треба да излезат на референдумот за да ја искористат историската шанса што е пред нив.

Би можело да ве интересира

Русија го информира ОБСЕ дека Москва и Западот се блиску до воен конфликт

Горан Наумовски

Радев: ЕУ не преговараше со Русија на време, сега мора да ја преиспита својата стратегија

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Зеленски со писмо до ЕУ: Предлогот за придружено членство на Украина е неправеден

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност