(ВИДЕО) Заев од Пробиштип: На референдумот да ја осигураме и обезбедиме независна Македонија

Од:

Референдумот на 30 септември е важен како оној од 1991 година за да ја осигураме и обезбедиме Македонија. Да ја качиме на шините и да тргне конечно по 27 години.

Ова го порача премиерот Зоран Заев вечерва на трибина организирана од коалицијата „Излези ЗА европска Македонија“ во Пробиштип на која рече дека ова е историско време и историска одлука и оти околку ова прашање вреди да се обединиме.

– Отворивме душа, споделуваме она што е вистината. Зборуваме со нашиот народ и нема делби и поделби затоа што е историски момент и неповторлива шанса која треба да ја зграпчиме. Дефинитивно се работи за нашта татковина и за нашите деца. И затоа сме исправени пред вакво историско време и уживаме во честа што се падна на оваа генерација конечно Македонија да ја ставиме на шини и да киниса, рече премиерот.

Истакнувајќи дека народот мора да ги знае сите детали за да донесе исправна одлука рече дека нашата одлука на 30 септември ќе влијае секако на иднината на нашата земја и затоа може, како што рече, да избереме да бидеме горди или да чемрееме и да симнеме глава долу.

– Една таква одлука донесовме во 1991 година и иста е одлуката што треба да ја донесеме и на овој референдум. Знам дека и тогаш не му беше лесно на нашиот народ, кога се одделуваше од сојузот. И тогаш не знаевме. Имаше дебата дали ќе не биде или не. Дали имаме пари, дали може со немање валута да бидеме земја, немавме армија, полиција, институции, но нашиот народ на вакви дебати излезе и гласаше и 95 отсто гласаа за независност и денес сите се гордееме на тоа, потенцира Заев.

Оцени дека конечно дојде време да носиме храбри одлуки. – Го решивме прашањето со Бугарија, потоа со Грција. Имаме фер и праведно решение. Добивме разграничување, Грција го призна македонскикот јазик и идентитет и нема земја која не не признава како Македонци и која не го признава нашиот јазик и идентитет. Го добивме она за што се бореа нашите претци, рече Заев.

Порача дека ова е шанса и оти одлуката е пресериозна и оти нема алтернатива.

– Ова е транспарентен процес. Нема ништо што е скриено. Ова е врв на демократијата. Ветивме реферндум и еве го да се изјаснат граѓаните. Ветувањето беше најпрво на опозицијата и затоа треба да зборуваме со сите граѓани и се обраќам до сите и до опозицијата и до пријателот Мицкоски. Размисли ова е и за твоите и за моите деца, ова е за нашта заедничка татковина. Ако има алтернатива стави ја на маса. Ако нема не можеш да се криеш без став. Должност е на лидерите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и на големите партии да носат одлуки. Не може без одлуки. За твоја и моја Македонија се работи. Акција сака Македонија. Сака став. Затоа што граѓаните сакаат да знаат се и затоа наша обврска е да ја земеме судбијата во свои раце, потенцира премиерот Заев.

Порача дека 30 септември е историски ден и шанса што не смееме да ја пропуштиме, посочувајќи дека ваква шанса може да се повтори по 50 или 100 години.

Претходно коалицијата одржа трибина и во Кратово.

Би можело да ве интересира

Тоневски: Пробиштип ќе добие нова населба за млади брачни парови, градски базен и Дом за стари лица

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Тоневски: Нова индустриска зона во Пробиштип и можности за отворање на нови фабрики