(ВИДЕО) Спасовски од Берово: Како 30-та членка на НАТО обезбедуваме сигурна иднина и заштитен територијален интегритет

Од:

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, вчера се сретна со граѓани на Берово, а учествуваше и на граѓанска трибина на која се разговараше за придобивките од членството во најмоќните сојузи.

Силна поддршка од страна на граѓаните за започнатите процеси за влез во ЕУ и НАТО, додека од страна на министерот Спасовски беше потенцирана важноста од влезот во НАТО за трајно заштитување на границите и обезбедување на безбедноста на државата и нејзините граѓани.

„Со влезот во НАТО обезбедуваме трајна заштита на границите и територијалниот интегритет. Македонија станува 30-та земја членка на најголмата безбендосна коалиција и рамноправно ќе одлучува со најмоќните држави во светот. За тоа овој референдум, може да се спореди и со реферндумот од 8 септември, кога претходните генерации ја обезбедија независноста, државноста и суверентитетот на Македонија“ порача Спасовски

Зборувајќи за придобивките од членството во НАТО и ЕУ, Спасовски потенцираше дека членството во НАТО не значи само безбедност, туку и раст на економијата, бидејќи сите потенцијални инвеститори бараат безбеден и сигурен пазар за инвестирање.

Истовремено, влезот во ЕУ, порача Спасовски е влез на пазар од 500 милиони потрошувачи што значи поголем пласман на македонски производи и зголемена конкурентност на македонската економија.

„Македонија нема друга алтернатива, затоа цврсто и до крај решено го оди овој пат. Членството во ЕУ и НАТО значи дека ги донесеме европските вредности овде. Нашата иднина и иднината на нашите деца е во наши раце и ние треба да донесеме правилна и мудра одлука и на 30-ти септември да гласаме ЗА европска Македонија“ порача Спасовски.

Би можело да ве интересира

Финска ќе распоредува нуклеарно оружје кон Русија, закана од Москва дека ќе мора да реагира

Предраг Петровиќ

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Зеленски: Украина е подготвена да го забрза пристапувањето кон ЕУ и да ги отвори сите кластери

Израелците во Европа ги продаваат палестинските производи како свои