Во кривичниот суд во Скопје, продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Траекторија“, за провизиите за кинеските автопатишта.
На денешното рочиште, покрај три телефонски разговори за кои јавноста ќе биде исклучена и неколку разговори на странски јазик, на видеобим во судницата ќе бидат прикажани смс пораките меѓу обвинетите во овој предмет.
Пред почетокот на рочиштето, обвинителката Лиле Стефанова им подели на обвинетите и нивните адвокати транскрипти од смс комуникацијата.
На тоа, ексминистерот и’ рече дека тоа се сечени и лепени материјали, а Стефанова му возврати:
„Море Миле, нити е сечено, нити е лепено. Јас ќе сечам, ќе ти лепам“.
На тоа Јанакиески и возврати со насмевка дека Заев сечел и лепел.
Обвинителката му рече на Владимир Пешевски „те боли пораката“.
Денеска на ексминстерот за транспорт му е 40. роденден.
Васко Маглешов