Ахмети од Брвеница: За ЕУ и НАТО се залагаме 17 години

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети синоќа од Брвеница порача дека на 30 септември се одлучува за иднината на државата и оти сите заеднмо имаме историска одговорност.

На средбата со жителите на Брвеница, Ахмети рече дека треба да стоиме подалеку од политиките коишто се под влијание на Истокот затоа што историски овој народ и припаѓа на западната култура.

– Тука не станува збор само за референдум што ќе се одржи на 30 септември, туку за стратегиски, геополитички планови, затоа на 30 септември се запечатува поновата историја на Република Македонија, за тоа дали ќе припаднеме во блокот за кој сме се ангажирале веќе 17 години. Една друга историска мисија е овaа земја да стане членка на Европската Унија. На 30 септември се одлучува за иднината на оваа земја, за новите генерации на оваa земја. Имаме историска одговорност сите ние заедно, истакна Ахмети.

Во општина Брвеница се и покрај лидерот на ДУИ беа и пратеникот Џеват Адеми, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, вицепремиерот Хазби Лика и државниот секретар во Министертвото за земјоделство, Нефрус Челику.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ