(ВИДЕО) Заев од Охрид: По примерот на „Билјана платно белеше“ сите ние да го обелиме образот на Македонија

Од:

Да го приближиме Охрид уште повеќе до Европа, па од балкански да биде прогласен за европски Ерусалим, По примерот на „Билјана платно белеше„“ сите ние да го обелиме образот на нашата Македонија. На 30 септември масовно гласаме „за“ заедно да одиме напред, „за“ европска Македонија и европски Охрид, порача вечерва претседателот на Владата Зоран Заев од Охрид каде се одржа граѓанскиот собир во организација на „Излези За европска Македонија.

Заев од говорницата пред охриѓани истакна дека во тешки времиња полни со предизвици, вистински патриоти се оние кои преземаат акција. Како и на 8 септември 1991 година кога земјата и иднината повикаа на акција, на ист начин референдумот на 30 септември е повик на акција и наша патритоска должност.

– Вистинскиот патриот го почитува минатото на својата земја, но неговиот поглед е цврсто фокусиран кон иднината. Ова е историска можност, одговорноста е кај секој од нас. Немојте да мислите дека некој друг ќе ја заврши работата. Да не потфрлиме сега пред самиот финиш, рече тој.

Кога станува збор за придобивките од членството во двете најмоќни светски организации ЕУ и НАТО, Заев рече дека со членството во НАТО трајно се заштитуваат границите на нашата држава, наместо живот со грч поради непредвлидлива иднина, се обезбедува посигурен и побезбеден живот за идните поколенија.

Тој посочи дека влезот во НАТО значи повеќе инвеститори, нови работни места, повисоки плати за сите. Бизнисот, како што нагласи, сака предвидлива и стабилна клима за инвестирање, а примерот на Црна Гора укажува дека инвестициите во таа земја од зачленувањето во Алијансата двојно се зголемиле.

– Бројот туристи во Црна Гора се зголемил за 25 проценти. Знаете што тоа би значело за кафанџиите крај езерото, за угостителите во Пештани и Трпејца кои неуморно работат да ги услужат туристите секоја сезона. Што би значело 25 процентен раст на посетители за охридските хотелиери, за чајџилниците во Чаршијата, за бродарите и за пазарџиите во градот. Тоа ќе значи нова ера на просперитет, повеќе пари во сечиј џеб и повеќе пари за поубав и посреден Охрид, град со високо крената глава како што го личи, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата истакна дека 29 држави членки чекаат успешен референдум за да го кренат 30-тиот јарбол пред седиштето на НАТО, а Македонија ќе стане рамноправна членка со право на глас во најголемиот сојуз во светот.

– Денеска секретарот за одбрана на САД беше тука и ни рече дека 29-те земји членки на НАТО се обврзуваат рамо до рамо со нас да не штитат, ни порача дека ова е најважниот глас во историјата на нашиот народ, уште додаде Заев.

Тој нагласи дека токму оваа генерација покажа дека има сила и има визија да реши прашања кои никој или не сакаше или не можеше да ги реши.

– ЕУ и НАТО се пред нас со подадена рака, време е да си погледнеме во очи и да си кажеме дека можеме. Знам дека можеме бидејќи верувам во оваа генерација. Повозрасните повеќе пати покажаа дека знаат да донесат вистински одлуки во клучни моменти. Знам дека и младите ќе го направат тоа и затоа уште еднаш ги повикувам младите да се вклучат во новата историска одлука што е пред нас. Оваа одлука комплетно ќе го исцрта вашиот животен пат, бидете бурни и гласни, преземете конретен чекор. Изборот е многу јасен, напред или назад, иднина или изолација, семејство или осаменост, рече меѓу другото Заев наглсувајќи дека секој глас е потребен и важен кој пак води до побезбедна, попросперитетна и подобра иднина за сите во Македонија.

Обраќање пред охриѓани имаше и пратеникот на СДСМ од Охрид Томислав Тунтев, кој меѓу другото рече дека 30 септември 2018 година ќе бидат удрени темелите на Македонија како членка на ЕУ и НАТО.

– Македонија ќе стане дел од европското семјество, Европа и светот ги отворија вратите за Македонија. Седнуваме на големи маси, рамо до рамо со најсилните земји на светот, рамноправни, поддржани од нашите сојузници…Со влез во ЕУ влегуваме во заедница од половина милијарда луѓе каде ќе бидат потврдени и засекогаш зачувани македонскиот идентитет и македонскиот јазик, рече меѓу другото тој.

Тунтев порача дека токму од Охрид многу негови сограѓани со своите дела оставиле завет што треба да направиме за нас, за градот за нашата земја и нашите деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on